Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 2 28-33 (12-19)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се искачија на второто место на табелата во групата 2 на Суперлигата, прескокнувајќи го Пролет, кој загуби од Еурофарм Пелистер. Момците на Александар Јовиќ запишаа лесна победа на теренот на Јуниор Кисела Вода со 28-33 (12-19).
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Белистојановски со шест, Петар Атанасијевиќ со пет и Митревски и Талевски со по четири погодоци.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Седмо коло:
Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 2 28-33 (12-19)
Спортска сала: Круме Кепески - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Јуниор Кисела Вода:
Бардаковски, Ацевски, Димевски 1, Фидановски 3, Ристевски 1, Крстески 1, Николовски, Трајчевски, Крстевски 1, Матовиќ 8, Печенковски, Митровиќ 1, Симоноски 10, Андреевски, Лапов, Петровски 2
Седмерци: 9/6
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Ристевски 1, Кукуловски 3, Митревски 4, Димовски 1, Димитровски 1, Талевски 4, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 5, Ивановски 2, Белистојановски 6, Буторац 3, Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер 2 гостува во Кавадарци кај директниот конкурент на плеј-оф, Тиквеш.