Пролет – Еурофарм Пелистер 23-24 (12-11)
Во еден возбудлив натпревар вицешампионот Еурофарм Пелистер едвај победи против Пролет со 23-24. Битолскиот состав во завршницата имаше минус од пет гола, но сепак на крајот стигна до триумфот. Пролет имаше и шут за реми, меѓутоа ударот на Аларов од десет метри заврши во дирекот на битолчани.
Најефикасен беше Хосни со шест гола, Костески постигна четири. Во редовите на Пролет Аларов запиша пет погодоци, a Павлевски беше автор на четири.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Седмо коло:
Пролет – Еурофарм Пелистер 23-24 (12-11)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Црвен картон: Дејан Пецаковски (Пролет)
Пролет:
Петковски, Аларов 5, Тотиќ, Василевски 3, Пецаковски 3, Донев, Додевски, Димов 3, Андоновски 2, Мајнов, Димовски, Крстевски, Стојановски, Михаљевиќ 1, Јагуриновски 2, Палевски 4
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 3, Кузманоски 3, Радовиќ 2, Танкоски 1, Хосни 6, Дејвис, Кукоски, Костески 4, Ѓорговски, Васиљев 1, Пешевски, Сери, Хенеберг 2, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 12 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер гостува кај Скопје.