Пријателски натпревар
Еурофарм Пелистер - Саудиска Арабија 28-22 (13-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во пријателски натпревар во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на Саудиска Арабија со 28-22.
Како и што се очекуваше „пелистерци“ во овој контролен натпревар настапија во комбиниран сосостав, односно ракометари од првиот и вториот тим. Поради репрезентативни обврски македонските репрезентативци не настапија за битолскиот состав, а отсуствуваше и капитенот Марко Радовиќ.
Натпреварот започна со голема борбеност, а некаде до дваесеттата минута Саудиска Арабија одржуваше минимална предност. Во последните десетина минути Е.Пелистер направи пресврт и на полувреме замина со 13-11. Во второто полувреме избраниците на Ларс Валтер констатно беа во предност, гостите ниту еднаш не го изедначија резултатот. Клучната предност од четири гола по која македонскиот тим се „одлепи“ ја направи на осум минути до крајот кога поведе со 24:20.
На 25 октомври Еурофарм Пелистер ќе игра против Архус во рамките од првото коло во ЕХФ Лига Европа.