Еурофарм Пелистер – Тиквеш 30-21 (16-9)
Во својот нов суперлигашки натпреваар оваа сезона екипата на Еурофарм Пелистер славеше над Тиквеш со висок резултат 30-21 (16-9). Тоа беше уште еден триумф за битолчани во рамките од групата Б за моментно прво место со 16 бодови, додека Тиквеш е на четвртото место со 10 бода.
Валтер им даде шанса на Атанасијевиќ, Костески и Танкоски во стартниот тим и сите максимално ја искористија.
На дуелот во салата „Боро Чурлевски“ први стрелци во победничките редови беа Ојлески, Стоилевски и Костески со пет голови.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Шесто коло
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 30-21 (16-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски
Црвен картон: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер)
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Кузманоски 1, Стоилевски 5, Радовиќ, Танкоски 1, Хосни 2, Костески 5, Дејвис 3, Кукоски, Ѓоргоски 1, Васиљев, Суси 2, Пешевски 3, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути
Тиквеш:
Брауновиќ, Колев, Стојановски, Дрогришки 4, Темелкоски, Велков, Соколов, Димовски 6, Лазов, Окардов 2, Шулески, Симиќ 3, Хамзиќ 4. Петровиќ 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути
Следи двонеделна пауза во националниот шампионат, заради стартот на квалификациите за следното Европско првенство.