По завршувањето на квалификациите на ЕХФ Лига Европа, Македонија има само еден претставник во групната фаза. Еурофарм Пелистер трета година по ред ќе игра во второто по квалитет натпреварување на ЕХФ и верува дека може да остави трага и оваа сезона. Еурофарм Пелистер од вториот шешир ќе ја дочека ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лига Европа.
Шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Прованс, Скјерн
Шешир 2: Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Гранољерс, Иштад
Шешир 3: Мотор Запорожје, Татран Прешов, Влур, Балатонфуреди
Шешир 4: Флензбург, Гепинген, Спортинг, Бидасоа
Шешир 5: Монпелје, Бенидорм, Веспрем КФТ, Скандерборг Архус
Шешир 6: Нексе Нашице, Алпла Хард, Ференцварош, Агуаш Сантас
Ждрепката е предвидена за в четврток во 11:00 часот, а групниот сегмент почнува на 25 октомври.