Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
На списокот се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Ненад Костески и на Еурофарм Пелистер 2: Петар Атанасијевиќ.
Репрезентацијата на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024, кое ќе се одржи во период од 10-28 јануари 2024 година во Германија.
Во рамките на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12 октомври во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски”, а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16 октомври во 16:00 часот.