Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 28-19 (14-8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 5. коло од Супрерлигата пред својата публика остварија рутинска победа против тимот на Скопје, со резултат 28-19, во натпревар од групата Б. Домаќините од почеток до крај на натпреварот ја диктираа играта и со убедлива победа се загреаја за дерби дуелот против Тиквеш во рамки од следното коло.
Јовиќ им даде шанса на сите ракометари и тие максимално ја искористија, лесно го скршија отпорот на ривалот и запишаа трета победа во сезоната. Одличен натпревар одигра Петар Атанасијевиќ, го следеше Петровиќ, голманот Печурица беше на ниво, а младиот Христијан Митревски одлично ја искористи својата минутажа. Стручниот штаб на домашната екипа им даде шанса и на младите Ристевски, Димовски и Јанковски, кадети кои дебитираа за сениорската екипа на Еурофарм Пелистер 2.
Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Петто коло
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 28-19 (14-8)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристовски 2, Југовски, Митревски 4, Кукуловски 2, Димовски 1, Димитровски 1, Талевски 2, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 5, Ивановски 2, Буторац 3, Белистојановски 1, Ди. Блажевски, Арсеновски 2
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 10 минути
Скопје:
Стојковски, Мишевски 3, Чакалиќ 1, Тркалевски 1, Јакимовски, Радовановиќ, Митиќ 3, Христов, Пешкирски 1, Грујовски, Пешевски 1, Стојановски, Киселовски, Да. Блажевски, Трајковски 3, Бајрактаревиќ 6
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Со еден пораз од Пролет и реми со Еурофарм Пелистер, првиот дел од регуларниот дел на групата Б на Суперлигата, тимот на Еурофарм Пелистер 2 го заокружи со три победи и добра почетна позиција пред продолжувањето на сезоната.