РК Еурофарм ја известува јавноста дека го продолжи договорот со ракометарот Ненад Костески до јуни 2025 година. Свесни сме за растот на овој ракометар откако пред три години од ППД Загреб пристигна во Битола и задоволство ни е што ќе соработуваме и во иднина. Веруваме дека заеднички ќе се радуваме на многу успеси.
„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола.
Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму“, рече по потписот стружанецот.
Пред да дојде во Битола, Костески ги носеше дресовите на Струга, Металург и ППД Загреб.