Трофејот од Суперкупот на Македонија предизвика големо задоволство кај фановите на Еурофарм Пелистер.
Денешниот ден клубот им го посвети на фановите, кои почнувајќи од напладне можеа да се фотографираат со трофејот, да се дружат со некои од ракометарите и да го купат новиот дрес со „зелено-бела“ и сина моја.
Пред почетокот на натпреварот против Голден Арт во второто коло, капитенот Мирко Радовиќ го изложи пехарот пред присутните гледачи во спорската сала „Боро Чурлевски“. Деновите на прослава кај пелистерци ќе продолжат и в петок, кога во рамките на третото коло на групата Б на Суперлигата, се игра дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.