Ракомет
Суперлига 2022/23 – група Б
Еурофарм Пелистер – Скопје 32-17 (17-6)
Еурофарм Пелистер со победа ја започна новата натпреварувачка сезона, 2022/23, откако на свој терен во спортската сала „Боро Чурлевски“ без проблеми триумфираше над Скопје, со резултат 32-17 (17-6), во натпревар од групата Б. Блеснаа крилата, шанса добија Атанасијевиќ и Стоилевски и скоро сите се запишаа меѓу стрелците.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Костески со шест и Ојлески со пет гола, додека кај Пролет се истакнаа Киселовски со пет и Бајрактаревиќ со четири гола.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Маџовски, Кузманоски 3, Стоилевски 3, Радовиќ 1, Танкоски 4, Костески 6, Дејвис, Кукоски, Васиљев 1, Суси, Пешевски 1, Сери 4, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Скопје:
Мишелиќ, Чакариќ, Тркалевски 1, Јакимовски 1, Радовановиќ, Митиќ, Христов, Пешкирски, Стојановски, Киселовски 5, Трајкоски 2, Блажевски, Грујовски 1, Трајковски 4, Бајрактаревиќ 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното второ коло Еурофарм Пелистер следната среда го пречекува Пролет во Битола.