Ракомет
Суперлига 2022/23 – група Б
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 28-23 (17-11)
Во одлично издание и со водство во текот на сите шеесет минути, Еурофарм Пелистер 2 ја почна новата сезона. Во Битола падна Тиквеш со 28-23 (17-11), со одлично деби на новајлиите Печурица и Ивановски. По почетните 3-3, битолчани реагираа и со голови на крилата и Арсеновски дојде до 10-5. Кавадарчани не се созедоа и на одмор заминаа со -6.
Второто полувреме почна со серија на грешки и добри одбрани на двата црногорски голмани. Брауновиќ и Симиќ го предводеа Тиквеш до -2 на пет минути до крајот. Гостите имаа и напад за драма, но битолчани го одбија тој обид и преку Кукуловски и Белистојановски го зададоа завршниот удар.
Во битолската екипа се истакнаа Ивановски со осум и Белистојановски и Арсеновски со по пет гола, а кај гостите најефикасен беше Симиќ со седум погодоци.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Кочевски
Црвен картон: Стефановиќ (Тиквеш)
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица 1, Ристевски, Кукуловски 4, Митревски, Николовски 1, Димитровски 1, Талевски 1, П. Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ, Ивановски 8, Белистојановски 5, Блажевски, Арсеновски 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 14 минути
Тиквеш:
Брауновиќ, Стојановски 1, О. Лазов 3, Дрогришки, Темелковски 1, Велков, Стефановиќ 2, Димовски, М. Лазов, Милков, Окардов 1, Соколов, Коцев 3, Симиќ 7, Хамзиќ 2, Л. Петровиќ 3
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути
Во второто коло за време на викендот Еурофарм Пелистер 2 гостува кај тимот на Пролет, кој исто така со победа го почна новиот шампионат.