По одигрувањето на финалниот натпревар меѓу Веспрем и Загреб се спушти завесата на единаесеттото издание на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.
Место меѓу најдобрите имаше и за двајца членови на Еурофарм Пелистер, кој го освои третото место со триумфот над Нексе Нашице. Тоа се пивотменот Жарко Пешевски и десниот бек Усама Хосни, кои имаа одлични партии на двата меча во Задар.
Идеален тим на СЕХА лигата 2021/22:
голман: Алјаж Пантјар (Загреб)
лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
среден бек: Кентан Мае (Веспрем)
десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер)
десно крило: Никита Вајлупов (Веспрем)
кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)
МВП: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)