Нексе Нашице - Еурофарм Пелистер 23-27 (13-12)
Екипата на Еурофарм Пелистер го освои третото место на завршниот турнир од регионалната СЕХА-лига што се одржува во Задар.
Битолчани попладнево во дуелот за бронзата го победија Нексе од Нашице со 27-23 (12-13). Македонскиот тим до победата дојде по извонредното второто полувреме кое го доби со 15-10. Македонскиот вицешампион го загуби првиот дел со 13-12, но во второто полувреме беше далеку подобар ривал на теренот на двете страни, играше квалитетно во нападот, цврсто во одбраната и го сврте натппреварот, играта во своја полза за бронза на овој ракометен настан.
Голманот Урбан Лесјак со 12 одбрани, Усама Хосни со шест и Мирко Радовиќ со пет погодоци беа најзаслужните за победата на „пелистерци“.
Финалето меѓу ППД Загреб и Веспрем донесе победа на Унгарците со 30-32.