Дел од ракометарите и тренерот Ларс Валтер зборуваа пред новинарите на утринскиот брифинг меѓу полуфиналните и натпреварите за пласман.
Марко Кизиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Немаме време да жалиме за поразот. Знаевме каква екипа е Веспрем. Се надевавме дека можеме да пружиме повеќе, ама најдобро е да го заборавиме натпреварот. Треба да се насочиме кон натпревар за третото место, каде што имаме шанса за успех бидејќи сме тука некаде со Нексе. Не гледам причина зошто не би го добиле натпреварот утре.
Екипата има добра хемија и атмосфера во соблекувалната и на тренинзите. Тоа придонесува да се забрза процесот на воигрување, имаме десет нови играчи и нов тренер, со нови барања и едноставно ќе биде потребно време. Одиме чекор по чекор, ќе учиме на секој натпревар. Потребна е многу работа, ама мислам дека сме на нов пат.
Мирко Радовиќ
(капитен на РК Еурофарм Пелистер)
Синоќешниот натпревар не беше нашата вистинска слика, можеме да играме многу подобро. Правевме многу ситни грешки во напад, на што посебни обративме внимание сега, требаше да постигнуваме повеќе лесни голови, а во одбрана недостигаше малку длабочина и агресивност. Тие се поквалитетна екипа од нас, ама не ја покажавме својата вистинска слика. Можное да постоеше одредена доза на респект кон нив, треба да се консолидираме и да видиме што не спречуваше да играме. Од вчерашниот пораз можеме само да научиме за иднина. Еурофарм Пелистер може и мора подобро.
Ларс Валтер
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Нексе Нашице е одлична екипа, долго време се заедно и воиграни се со тренер како Тамше. Добро го познавам, беше мои играч и одлично натпредува. Го следев тимот на Нексе и во подготовките и знам дека се работи за квалитетен тим. Ние мора да одиграме подобро и посмело од синоќа и убеден сум во таква реакција на тимот. Напорно работиме и Еурофарм Пелистер е на вистински пат.