Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да направи подвиг. Во првото историско учество на Ф4-турнирите во СЕХА Газпром лигата, „зелените“ од Битола доживеаја висок пораз од унгарски Веспрем (41-27). На трибините во Задар, Еурофарм Пелистер имаше поддршка од една група на навивачи, дел од верните „Чкембари“.
На прес-конференцијата натпреварот го анализираа тренерот Валтер и десниот бек Хосни.
Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Кога ќе излезеш на терен против тим како Веспрем, мора да се обидеш со нешто невообичаено затоа што тие се далеку подобар тим од нас. Презедовме голем ризик со играта седум на шест, примивме многу голови на празна мрежа и преку контри. По две минути почнавме да ја губиме самодовербата. Мислев дека давањето голови ќе ни биде проблем денес, но ме изненади што тоа беше одбраната. Загубивме против најдобриот тим, но сигурно не требаше да примиме толку голови.
Усама Хосни
(РК Еурофарм Пелистер)
Имавме проблеми со одбраната. Знаевме дека Вепсрем е еден од најдобрите тимови во светот, се обидовме да го дадеме најдоброто од нас, но не игравме во одбрана како што требаше да играме. Ракометарите на Веспрем долго се заедно, ова е нешто ново за нас и мора да извлечеме поуки за иднината кои ќе ни бидат од корист за понатаму.