Дожд ги дочека ракометарите на Еурофарм Пелистер во Задар на единаесеттиот завршен турнир на СЕХА лигата. По вообичаените медиски и маркетинг активности, битолчани вечерва за првпат ја почувствуваа атмосферата во салата „Крешимир Ќосиќ“. На задолжителната прес-конференција зборуваа тренерот Валтер и голманот Лесјак.
Урбан Лесјак
(РК Еурофарм Пелистер)
Првите впечатоци од Битола се одлични. Веднаш почувствувавме дека сме во градот на ракомет. Луѓето таму „луди“ по овој спорт и што е многу важно – го разбираат спортот. Верувам дека ќе ни бидат голема поддршка во текот на сезоната.
Ларс Валтер
(тренер на РК Еурофарм Пелистер)
Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Во последните неколку години овој клуб напредува и сака да се бори за титули и за големи нешта. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив.
Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме. Од недела во недела се подобруваме.
Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Но, да бидеме реални утре мора да бидеме многу добри и по натпреварот да се погледнете во огледало и да кажеме дека го дадовме најдоброто од себе. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени.
Да не размислувавме дека имаме шанси немаше ни на дојдеме во Задар. Натпреварот почнува со 0-0 и верувам дека ќе се претставиме во најдобро светло. Залсуживме да бидеме тука и да се натпреваруваме со најдобрите.