Алпла Хард - Еурофарм Пелистер 2 24-21 (13-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија со 24-21 (13-11) на гостувањето кај Алпла Хард во првиот натпревар од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа.
Австрискиот тим подобро го отвори натпреварот, но младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 не дозволија, противникот да се одлепи. На секоја серија на Алпла Хард, битолчани одговораа со своја и по негативата од 11-7, битолчани направија серија 1-4 и дојдоа на 12-11. На одмор се замина со негатива од два гола,
И второто полувреме помина во слична игра и развој на настаните на теренот. Во завршницата од натпреварот избраниците на тренерот Александар Јовиќ не реализираа неколку напади и му дозволија на тимот на Алпла Хард да дијде до 24-19. Сепак, во последните две минути, битолчани со два гола се изборија за пораз од три гола, негатива која ќе ја бркаат во реваншот пред своите навивачи.
Петровиќ и Арсеновски со по пет гола беа најдобри кај Еурофарм Пелистер 2, додека во редовите на Алпла Хард се истакна Рашле со седум гола. Реванш натпреварот ќе се игра наредниот викенд во Битола каде Еурофарм Пелистер 2 ќе се обиде да дојде до победа и пласман во следната рунда.