Еурофарм Пелистер 2 го очекува европското деби и натпреварот од првото квалификациско коло во EХФ Европската лига.
Ривал е екипата од Австрија, Алпла Хард, која минатата сезона беше на второто место во првенството. Битолчани од петокот наутро се во Австрија, во терминот на одигрување на натпреварот, пелистерци тренираа во салата во Алпла.
Александар Јовиќ
(тренер на Еурофарм Пелистер 2)
Апла Хард е добра и искусна екипа која е вицешампион на Австрија. Ние од оваа сезона, односно од овој подготвителен период, добивме некои материјали и направивме анализа и мислам дека подготвено ќе влеземе во мечот. Направивме добри подготовки, имавме четири пријателски средби со Еурофарм Пелистер и РК Охрид, по два меча. Јас сум задоволен од сите дуели. Го имавме составот во тие можности и сметам дека спремно ќе ги дочекаме прво овие два натпревари, а потоа и првенството. Враќањето на Петровиќ ќе ни значи, а доаѓањето на Кукуловски ќе донесе плус во нашата екипа за оваа сезона, затоа што се работи за добар и искусен играч, со сезони во први екипи.
Стефан Талевски
(РК Еурофарм Пелистер 2)
Тимот на Алпла Хард е доста квалитетна екипа. Но, сепак, ние сме доста борбен тим и мислам дека во овој натпревар нема што да загубиме, туку можеме многу да добиеме како подарок од минатата сезона. Минавме четири контролни натпревари, но тогаш не бевме во полн состав како што се смета, па се надевам на позитивен резултат на европското деби. Плус, ги добивме и Кукуловски и Петровиќ во екипата, со нив имаме поголема ротација во двата правци.
В сабота од 19:00 часот се игра првиот дуел на младите пелистерци против вицешампионот на Австрија, а реваншот е следната сабота од 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.