Во четвртокот се дознаа сите учесници на единаесеттото издание на „фајнал-фор“ турнирот во СЕХА Газпром лигата. Последен кој обезбеди место на завршницата во Задар (Хрватска) беше Еурофарм Пелистер кој во Битола го елиминира Мешков Брест.
Битолчани за првпат ќе играат на Ф4 турнирот во ова регионално натпреварување, а противник во полуфиналето ќе им биде унгарскиот гигант Веспрем. Овој натпревар ќе се игра од 20:30 часот на 2 септември, а истиот ден, но од 18:00 часот е хрватскиот дуел помеѓу Нексе Нашице и ППД Загреб.
На 4 септември од 16:30 часот е закажан натпреварот за третото место, додека финалето ќе се игра од 19:00 часот.