Еурофарм Пелистер, со огромна поддршка на навичите во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, запиша победа против Мешков Брест со 27-26 и тоа по пеналите (во регуларните шеесет минути беше 23-23), со овој резултат, стигна до историја и премиерен настап на „фајнал-фор“ турнирот во СЕХА Газпром лигата..
„Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлично во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи“ - рече тренерот Ларс Валтер.
Битолчани во полуфиналето ќе играат против Веспрем на втори септември.