Еурофарм Пелистер - Мешков Брест 27-26 (23-23 во регуларниот тек)
Македонија ќе има претставник на завршниот турнир од СЕХА лигата во Задар, откако Еурофарм Пелистер во одличен натпревар пред расположена публика по изведувањето на пенали стигна до 27-26 победа над белорускиот Мешков Брест (23-23 во регуларниот тек).
Пелистерци ја имаа победата во свои раце во регуларните шеесет мнути, но примија гол во последната секунда, приморувајќи повторно пенал-завршница. Херој на Пелистер беше голманот Урбан Лесјак, кој го одбрани клучниот пенал на најдобриот ракометар на Брест, Микалај Аљохин.
Најдобар стрелец на овој натпревар беше Микалаи Алиохин со седум гола, кај Еурофарм Пелистер се истакна Руди Сери со шест погодоци, а по четири дадоа Танкоски и Хосни.