РК Еурофарм Пелистер со сегмент во својата презентација на сезоната го одбележа јубилејот – две децении од финалето на Челинџ Купот во сезоната 2001/02. По тој повод на присутните им се обрати Стевче Стефановски, помошник тренер на Богдан Маковеј во таа сезона. Стефановски го потенцира значајот на таа генерација за македонскиот ракомет, подоцна и на репрезентацијата. Со македонски производ и само двајца странци (Горбох и Секулиќ),
Пелистер таа сезона ги елиминира Казањ, ПСЖ, Килкис и Фредериксберг и играше финале против данскиот Скјерн. По победата од 27-20 во Битола, Пелистер убедливо загуби во Данска со 34-17. Во Челинџ Купот таа сезона играа екипи од цела Европа, освен германски и шпански клубови.
За Пелистер на Маковеј и Стефановски тогаш настапија: Ангелов, Горбох, Наумче и Златко Мојсовски, Јоновски, Темелков, Калајџиоски, Секулиќ, Макалоски, Митков, Шундовски, Николовски, Димитровски и Поповски.