Во својата 39-та година од животот, Васко Димитровски означи крај на кариерата по завршувањето на последните официјални натпревари од сезоната 2021/22. Сепак, клубот за негово простување од активното играње ракомет подготви посебна церемонија во склоп на гала-вечерта на која беше претставен тимот.
Димитровски од претседателот Стерјев доби специјален подарок – врамен дрес со број 23, кој ги означува сезоните поминати во матичниот клуб. Присутните во топлиот амбиент на „Gold Felicia“ со громогласен аплауз го наградија Димитровски. Од оваа сезона Васко Димитровски ќе работи како кондиционен тренер во Еурофарм Пелистер 2.