Со гламурозна церемонија семејството Еурофарм Пелистер ја претстави екипата за сезоната 2022/23. Во едночасовна манифестација на екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 им се обрати претседателот проф. д-р Зоран Стерјев. Тој изрази гордост што двата битолски клуба се уникатен проект во Европа, каде двете екипи ќе играат европски натпревари. Вети атак на сите трофеи со тимот на Ларс Валтер и гордост што дури тројца ракометари од Еурофарм Пелистер 2 се промовирани во првата екипа.
Пред клупските спонзори, партнери и новинарите зборуваа седумте новајлии, а Мирко Радовиќ доби пригоден подарок како нов клупски капитен.
Следеше промоцијата и на новиот тим на Еурофарм Пелистер 2 и на новиот капитен Стефан Талевски. Тој ќе го замени Васко Димитровски, кој по 23 години минати во матичниот клуб замина во пензија. Клубот му подари дресот со бројот на неговите минати сезони и му посака успех на новата функција – кондиционен тренер на клубот.