Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го добија противникот во квалификациите за ЕХФ Европската лига во првото коло.
Тимот од Битола, воден од Александар Јовиќ, за противник го доби Алпла Хард од Австрија, кој заврши како втор во минатата сезона. Првиот натпревар се игра во Австрија, а реваншот е во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август а реваншот на 3/4 септември.