Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер денес го одработи првиот ден како предводник на битолскиот клуб. Тој пристигна во Македонија, одржа работни состаноци со клупските структури, директорот Димитар Митревски, своите помошници, стручниот и медицинскиот тим и го зазеде своето место во клупските простории.
Валтер и стручниот тим ги дефинираа етапите од подготвителниот период, кој започнува на 20 јули во Битола. Претходните сите ракометари ќе минат медицински тестови. Централната фаза пелистерци ќе ја минат во Маврово од 25 јули. Беше разговарано и за комплетирање на играчкиот кадар за сезоната 2022/23 и во тој правец клубот ќе доведе уште неколку засилувања.
Официјалната промоција на тимот е закажана за 19 јули, кога ќе бидат промовирани и новите лица и новите дресови. Презентацијата на Ларс Валтер како нов тренер на Еурофарм Пелистер е предвидена по првите тренинзи во Битола.