Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го одреди дефинитниот список од шеснаесет ракометари кои ќе настапат на Медитеранските игри во Алжир.
На ова натпреварување ќе настапат ракометарите на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ и Ненад Костески и на Еурофарм Пелистер 2, Павле и Петар Атанасијевиќ.
Македонија на Медитеранските игри е во група со репрезентациите на Алжир, Шпанија, Турција и Грција.