Попладнево во 14:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе се одржи извлекување на групите и распоредот на натпреварите за регуларниот дел од Суперлигата во машка конкуренција за сезоната 2022/23. Еурофарм Пелистер е дел од првиот шешир, а Еурофарм Пелистер 2 од вториот шешир.
Учесници во Суперлигата 2022/23:
шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер
шешир 2: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
шешир 3: Тиквеш, Охрид
шешир 4: Пролет, Прилеп
шешир 5: Струга, Радовиш
шешир 6: Скопје 2020, Алкалоид
шешир 7: Голден Арт, Јуниор КВ
шешир 8: Вардар Неготино, Куманово
Во сезоната 2022/23 екипите ќе бидат поделени во две групи. Во секоја група ќе се натпреваруваат по осум екипи и ќе одиграат вкупно четиринаесет кола (дома/гости).