РК Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.
На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјов и челниците на двата клуба. Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци - уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија Мал битолски монмартр).
Клубот на сите ракометари им посакува добро здравје и многу успеси следната сезона.