РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денес стави потпис на нов едногодишен договор.
Особено задоволство ни е што Петровиќ во Битола се чувствува како дома и веруваме дека заеднички ќе се радуваме на успеси и во иднина. Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23.