РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период.
На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.