РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека девет ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.