Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 30-22 (12-14)
Со домашна победа против Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2021/22 во Суперлигата. Одличниот втор дел им остави впечаток на љубителите на ракометот во спортската сала „Боро Чурлевски“. По -2 на полувреме, екипата на Жељко Бабиќ направи пресврти и со одлична одбрана и Секељи на голот постигна дури 18 гола во второто полувреме.
Забележителен настап имаа Мараш и Костески, а скоро сите ракометари кои добија шанса се запишаа меѓу стрелците. За голем дел од професионалците во ростерот ова беше последен натпревар во дресот на битолскиот суперлигаш.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
Десетто коло
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 30-22 (12-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Еурофарм Пелистер:
Секељи 1, Кизиќ, Ивановски, Мараш 7, Ојлески 4, Маркоски, Кукуловски 2, Мандалиниќ 2, Радовиќ 2, Танкоски 1, Периќ 2, Костески 3, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 2, Обрадовиќ 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Бутел Скопје:
Чаневски, Блажески, Трајчевски, Михајловски 2, Андревски, Младеновски 3, Стојановски, Ѓеоргиевски 3, Митев 3, Б. Спасовски, Бо, Спасовски 1, Јефтиќ 6, Цветковски, Мајиќ 2, Давитковски 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути
Во следната сезона Еурофарм Пелистер ќе ја претставува нашата земја во ЕХФ Лига Европа.