Охрид – Еурофарм Пелистер 2 23-23 (12-10)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола одигра реми во Охрид против истоимената екипа 23-23, и избори излез на европска сцена. Натпреварот се одигра во рамките на последното коло од плеј-офот, по што екипата од Битола заврши на четвртото место, а поради подобриот меѓусебен скор со Тиквеш се избори за настапи и во евро-куповите следната сезона.
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
Десетто коло
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 23-23 (12-10)
Спортска сала „Биљанини извори“ - Охрид
Гледачи: 1.000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Охрид:
Брауновиќ 1, Ацев, Андоноски 3, Озтурк 6, Костов, Николов 1. Шилегов 2, Ковачески, Шулески, Младееновиќ, Никола Ристески, Тасески 2, Грубор, Манасков 2, Ивановски 6, Николче Ристески,
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 1, Буторац, Павле Атанасијевиќ 2, В. Димитровски 1, Петровиќ 1, Николовски, Димитриоски 1, Талевски 3, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ, Ѓорговски 4, Ѓукиќ 7, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути
Овој резултат е најдобро постигнување на најмладиот клуб во Суперлигата во клупската историја. Битола првпат во историјата ќе има два претставници во европските клупски натпреварувања.