Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 27-30 (10-15)
Еурофарм Пелистер ги доби сите дуели со помладиот битолски тим. И последната братска пресметка во салата „Боро Чурлевски“ им припадна на избраниците на Жељко Бабиќ, кои како гости славеа со 27-30 во претпоследното коло. Фаворитот во текот на целиот натпревар водеше и не го доведе победникот под знак прашање. Стипе Мандалиниќ со девет гола беше најефикасен во победничкиот тим.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф (деветто коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 27-30 (10-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Јовановски, Ристески, Петковски, Буторац 1, Павле Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Николовски, Димитроски 2, Талевски, Стоилевски 1, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 1, Белистојановски 3, Ѓукиќ 3, Арсеновски 7
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 5, Маркоски 2, Ризоски, Кукуловски, Марковски, Мандалиниќ 9, Радовиќ 3, Танкоски 1, Периќ, Костески 3, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 1, Обрадовиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Во последното коло Еурофарм Пелистер 2 гостува во Охрид, а Еурофарм Пелистер го пречекува Бутел Скопје.