Претпладнево во Скопје се одржа редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија. Делегатите донесоа измени во системот на натпреварување, во елитното, во машка и женска конкуренција од следната сезона ќе настапуваат по 16 клуба кои ќе бидат поделени во две групи по осум.
Со освоениот пласман во регуларниот дел, првите четири места од двете групи водат во плеј-оф групи, последните четири во плеј-аут група. Првите места во регуларниот дел ќе носат по три бода во следната фаза, второто место по два, третото место еден бод, четврто место нула бодови. По истиот распоред ќе се формира и плеј-аут групата, бодови ќе се пренесат од петто до осмо место.
Во плеј-офот односно плеј-аутот ќе бидат префрлени поени од регуларниот дел од сезоната, па повторно ќе се продолжи со еднокружен систем на игра.