Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25-25 (11-11)
По неуспехот на теренот на Бутел Скопје во четвртокот, екипата на Еурофарм Пелистер 2 им се врати на позитивните резултати и освои бод на домашен терен против Тиквеш (25-25). Дуелот против директен конкурент за место во Европа беше тензичен и драматичен, а го одлучи седмерецот на Талевски на седум секунди до крајот.
Битолчани беа подобар ривал во првиот дел, почесто водеа, но во финишот кавадарчани преку Симиќ и Трпчевски израмнија на 11-11. Голманот Стојаноски се разбрани, одбрани два седмерци и го стави својот тим во поповолна позиција. Сепак, пелистерци се враќаа и преку Кузманоски и Арсеновски израмнија. Пак клучните топки ги одбрани Александар Стојаноски, а тимот на Горан Андоновски имаше напад за +2 и човек повеќе на влезот во последната минута. Сепак, Тиквеш погреши и Стефан Талевски тргна во контра напад. Стефановиќ грубо го удри во лицето, а судиите му покажаа син картон и седмерец доби домаќинот, Стефан Талевски реализира и ги постави финалните 25-25.
Ракомет
Суперлига (седмо коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25-25 (11-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 1, Николовски, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски, Петровиќ 4, Димитриоски, И. Димитровски 1, Талевски 4, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1. Блажевски, Арсеновски 7, Ѓукиќ 1
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 8 минути
Тиквеш:
Стојаноски, Панов, Колев, Дрогришки 6, Темелкоски 1, Велков, Соколов, Иванов, Стефановиќ 3, Гошевски 1, Милков, Кондев 3, Окардов, Коцев, Симиќ 9, Трпчевски 2
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути
Во следното осмо коло од разигрувањето Еурофарм Пелистер 2 гостува во Скопје кај Вардар 1961.