Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 28-19 (13-11)
Ракометарите Еурофарм Пелистер 2 убедливо загубија од Бутел Скопје во дербито на шестото коло од Суперлигата.
Предводени од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со седум погодоци. Одлично издание запиша поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, автор на 14 одбрани. Пелистерци, кои во еден момент во првото полувреме имаа предност од четири гола, на крајот загубија убедливо и останаа на четвртото место со седум освоени бода.
Ракомет
Суперлига (шесто коло)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2 28-19 (13-11)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Бутел Скопје:
Чаневски, Блажевски, Андреевски, Младеновски 3, Стојковски, Ѓеорѓиевски 3, Митев 7, Бојан Спасовски, Б. Спасовски 6, Јефтиќ 1, Василевски 2, Бошковски, Цветковски, Мајиќ 6, Давитковски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Кузманоски, Николовски, Павле Атанасијевиќ 7, В. Димитровски 1, Петровиќ 1, Димитриоски 1, Талевски, Стоилевски 3, И. Димитровски, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 4, Белистојановски, Ѓукиќ 1, Арсеновски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 14 минути
Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер 2 во Битола ќе го пречека тимот на Тиквеш.