Тиквеш – Еурофарм Пелистер 26-32 (16-15)
Тешка победа оствари лидерот на табелата Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кавадарци, Тимот на Бабиќ славеше со 26-32 на гости кај Тиквеш. Домаќините имаа сили за отпор само во првото полувреме кое го добија до 16-15. Во вториот дел, битолчани заиграа подобро и во одбраната и во нападот, прво на средина од полувремето за првпат дојдоа до два гола предност (18-20) и потоа не дозволија домаќинот да се врати во игра.
Јосип Божиќ Павлетиќ со гола беше прво име во победата на Е. Пелистер, додека Стипе Мандалиниќ даде девет гола, а кај Тиквеш се истакнаа Стефан Трпчевски со шест гола и Симиќ и Дрогришки кои дадоа по пет гола.
Ракомет - Суперлига
плеј-оф (шесто коло)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 26-32 (16-15)
Спортска сала „Јасмин“ - Кавадарци
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Тиквеш:
Стојановски, Панов, Колев, Дрогришки 5, Темелкоски 3, Велков, Соколов 1, Иванов, Стефановиќ 2, Гошевски 1, Милков, Кондев 3, Окардов, Коцев, Симиќ 5, Трпчевски 6
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш 1, Ојлески 4, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 9, Радовиќ, Танкоски, Костески, Божиќ Павлетиќ 13, Граџан 2, Обрадовиќ, Табоада 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути
Во следното седмо коло од разигрувањето, в недела од 19:00 часот Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува Вардар 1961.