Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-22 (13-9)
Еурофарм Пелистер 2, во рамките на петтото коло коло од плеј-офот, ги освои трите бода, победувајли ја во Битола екипата на Охрид со резултат 26-22 (13-9). На стартот на првото полувреме домаќинот наметна добро организирана одбрана, надополнета со одбраните на Трајковски, играта на Ѓорговски и Димитровски во нападо. Следеше постојано водство, па на одмор се отиде со +4 (13:9).
Битолчани подобро отворија и во вториот дел и одржуваа 4-5 гола предност, Сепак, во 40. минута Андоноски погоди двапати од крилна позиција и Охрид намали на 17-14, користејќи ја играта со човек повеќе. Ѓорговски возврати, битолската одбрана беше подобра од охридската и во 49. минута Еурофарм Пелистер поведе со највисоки 22-16. Јовиќ ги внесе најмладите, победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање и битолчани се радуваа на победа од 26-22.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф (петто коло)
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-22 (13-9)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски 1, Јовановски, Ристевски, Николовски, Илиев, В. Димитровски 3, Петровиќ 4, Димитриоски 4, И. Димитровски, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 7, Белистојановски, Ѓукиќ 2, Табаковски, Арсеновски 1
Седмерци: 9/5
Исклучувања: 6 минути
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 3, Кривокапиќ 4, Костов, Шипинкоски, Николов 2, Шилегов 4, Шулески 1, Младеновиќ 1, Ни. Ристески 1, Тасески 1, Грубор 3, Манасков 1, Ивановски 1, Н. Ристески
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло, кое ќе се игра следниот вторник и среда, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Бутел Скопје.