Членот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски успешно беше опериран по тешката повреда на коленото (луксација на чашката) на тренинг на крајот од февруари годината.
Според планот, по рехабилитацијата, Велковски треба да се врати на теренот на почетокот од следната сезона.
Интервенцијата на ракометарот Велковски ја изврши д-р Михајло Ивановски во клиничката болница „Аџибадем Систина“, во соработка со д-р Иван Василев од Бугарија.
РК Еурофарм му посакува брзо оздравување на Мартин Велковски.