Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 17-26 (8-12)
По репрезентативната пауза Еурофарм Пелистер продолжи онаму каде што застана. Екипата на Жељко Бабиќ го совлада Бутел Скопје на гостински терен со 17-26 и остана со максимален учинок на врвот на табела. Почетните десетина минути беа израмнети, а при 7-8 битолчани постигна четири гола и примија само еден, па на одмор заминаа со осетливо +4.
Вториот дел мина во знакот на одличната гостинска одбрана и лесните голови од контранапади на Божиќ Павлетиќ. За разлика од претхониот дуел на теренот на Бутел Скопје, каде се мачеа да слават, пелистерци сега покажаа конзистентност и славеа со високи девет разлика. Победата уште повеќе добива на вредност, бидејќи Бабиќ не можеше да смета на Табоада, Костески и Велковски.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф (петто коло)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 17-26 (8-12)
Спортска сала „Антон Димитров“ - Бутел, Скопје
Гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари Ненад Николовски
Бутел Скопје:
Чаневски, Трајчевски, Андревски 1, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Митев 3, Б. Спасовски 3, Бој, Спасовски, Блежаски, Јевтиќ, Василевски 1, Бошковски, Мајиќ 3, Давитковски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Ивановски, Мараш, Ојлески, Маркоски 3, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски, Периќ 2, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 4, Обрадовиќ, Кизиќ 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Во следното шесто коло, наредниот вторник попладне, Еурофарм Пелистер гостува во Кавадарци против Тиквеш.