Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39-18 (19-10)
Еурофарм Пелистер останува единствена екипа со максимални четири победи по четири одиграни натпревари во разигрувањето за титула во Суперлигата. Екипата на Жељко Бабиќ брзо реагираше по поразот од Нексе Нашице во вторникот и убедливо го совлада помладиот градски ривал Еурофарм Пелистер 2 со 39-18. Во ниту еден момент резултатот и победникот не беше доведен во прашање. Повозрасниот и поквалитетен тим дојде до високи 6-1 на стартот и не погледна назад. Предноста до одморот достигна +9, а на почетокот на второто полувреме веќе беше двоцифрена.
Вториот дел мина во знакот на ротациите на тренерите и атрактивните потези. Стефан Талески им парираше на ѕвездите на Еурофарм Пелистер, а одличен натпревар одигра младиот Кукуловски кај Еурофарм Пелистер. Финалните 39-18 се превисока казна за екипата на Александар Јовиќ, во чии редови не настапија Павле Атанасјевиќ, Кузманоски, Васко Димитровски, Арсеновски, Димитриески...
Ракомет
Суперлига – плеј-оф
(Четврто коло)
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39-18 (19-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 1, Ојлески 5, Маркоски 2, Маџовски 5, Кукуловски 5, Мандалиниќ 1, Радовиќ 7, Танкоски 1, Периќ 1, Костески, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 6, Граџан 5, Обрадовиќ
Седмерци: 1/0
Исклучувања: /
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Трајковски, Ристевски, Буторац 2, Илиев 1, Николовски 1, Митревски 3, Петковски 1, Талевски 4, Стоилевски, И. Димитровски, Белистојановски 2, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Табаковски 1, Мицески 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 4 минути
Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје, а Охрид е следниот ривал на Еурофарм Пелистер 2. Следните две недели следува пауза во шампионатот, заради обврските на националните репрезентации.