Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го скрати списокот од 35 на 23 играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.
Повикани се двајца дебитанти во имињата на Дарко Кондев и Петар Атанасијевиќ, кои ќе борат за местото покрај искусниот Гоце Ојлески, а на местото на повредениот Цветан Кузманоски. Од тимот на Еурофарм Пелистер повикани се Кизиќ, Костески, Маркоски и Ојлески, а браќата Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.
Лазаров ќе ја одржи првата прозивка на деветти април во 18:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот дуел се игра во Злин, Чешка на 13 април од 20:15 часот, додека реваншот е четири дена подоцна во Скопје од 19:00 часот.