Еурофарм Пелистер не успеа да се пласира во четвртфиналето на Европската лига на УЕФА, откако вечерва по втор пат загуби од Нексе, овојпат во Битола со 21-22. Хрватскиот тим на реваншот дојде до предност од три гола стекнати по првиот меч (29-26), а сега и во Битола успеаа да победат и заслужено да одат во следната фаза.
Божидар Мојсов
(асистент тренер на Еурофарм Пелистер)
Играчите беа истрошени, имавме пет натпревари во девет дена. Не успеавме да се рекуперираме и да одиграме успешно. Меѓутоа, што е тука е, Нексе беше поцврст кога беше потребно и тука ние ја испуштивме нашата шанса. Благодарност до навивачите, заслужија барем победа. Сега се фокусираме на она кое ни остана, тоа е да ја донесеме титулата во Битола.
Јосип Периќ
(капитен на Еурофарм Пелистер)
Сакам да им честитам на ракометарите на Нексе за заслужената победа и на фактот што славеа во овие два дуела. Не успеавме да ги искористиме шансите, а противникот ги казни сите оние „црни дупки“ кои ги имаме. Најголемата жал останува што загубивме пред нашата публика, мислам дека тоа е она кое најмногу боли. Мора да заздравиме од овие порази, немаме време за жалење, затоа што чекаат домашните предизвици.
Веќе в петок Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе го одиграа првото дерби во плеј-офот на СУперлигата