Еурофарм Пелистер - Нексе Нашице 21-22 (11-11)
Еурофарм Пелистер во осминафиналето го заврши својот пат во ЕХФ Лига Европа. По поразот од 29-16 во Нашице, битолчани попладнево и на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ загубија со 21-22. По дванаесет натпревари екипата на Жељко Бабиќ ги заврши европските настапи во истата фаза како и минатата сезона.
Пелистерци добро тргнаа во натпреварот и имаа постојано водство, а најмногу со 7-3. Хрватите првото полувреме го завршија со серија од 1-4 за да го преземат водството, но на паузата резултатот беше 11-11.
Нашиот тим очајно го почна второто полувреме и речиси седум минути не можеше да постигне гол па Нексе се одлепи на +3. Оваа разлика гостите ја одржуваа речиси до крајот, кога Пелистер притисна силно, но иако дојде до 20-20 не можеше барем со победа да се прости од Европската лига. Нексе заслужено по втор пат го победи македонскиот вицепрвак овој пат со 21-22.
Стипе Мандалиниќ со шест голови и Реинер Табоада со пет беа најефикасни во нашиот тим, додека голманот Мартон Секељи имаше осум интервенции. Кај Нексе, Марин Јелиниќ постигна пет голови, додека голманот Михаило Радовановиќ забележа 13 одбрани. Следниот натпревар за пелистерци е градското дерби со Еурофарм Пелистер 2 в петок попладне.