На еден ден пред натпреварот од ЕХФ Лига Европа во Битола, меѓ Еурофарм Пелистер и Нексе, во клупските простории се одржа редовната средба со новинарите, на која зборуваше тренерот Жељко Бабиќ. Тој потенцира дека сакаат да ја продолжат европската пролет. Прва пречка за исполнувањето на целта е победа е екипата на Нексе.
„Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, денес ќе имаме тренинг со понизок интензитет, како и утре пред дуелот. Сметам дека екипата на Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи. Ние сме подготвени за реваншот. Периќ не е 100% спремен, се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, капитен е на тимот ама екипата покажа дека може да победува и без него. Сакам тој секогаш да е тука, но во Еурофарм Пелистер тимот е посилен од поединците“, смета Бабиќ.
Сите билети за дуелот во вторник попладне се распродадени и се очекува голема поддршка за македонскиот шампион, во обидот да се стигне до четвртфинале на ЕХФ Лига Европа.