Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 19-22 (10-11)
Пред 2.500 гледачи во Битола, Еурофарм Пелистер 2 демонстрираше силен отпор, но на крајот загуби од актуелниот шампион Вардар 1971 со 19-22. Неиграњето на многу стандардни првотимци и тоа како се почувствува, но и покрај тоа момците на Јовиќ го „испотија“ фаворизираниот тим на Јовиќ.
Битолчани на денешниот дуел почнаа мотивирано и рамноправно му парираа на Вардар во првото полувреме кое скопскиот тим го доби со 10-9. На почетокот од вториот дел Пелистер го сврте мечот, но искуството и поголемата клупа го сторија своето па Вардар ја врати предноста, ја зголеми за мирен финиш на мечот. Конечниот резултат беше 22-19 за шампионот.
Гоце Георгиевски со седум гола беше прв стрелец на Вардар, Моралес постигна четири. Кај Еурофарм Пелистер 2, Белистојановски постигна шест, Ѓорговски пет голови.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф 4. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 19-22 (10-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.500
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев
Еурофарм Пелистер 2:
Трајкоски, Ристевски, Јовановски, Николовски 1, Буторац, Митревски, Петровиќ 3, И. Димитровски 1, Талевски 2, Стоилевски, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 5, Белистојановски 6, М. Ѓукиќ, Табаковски, Мицески
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10 минути
Вардар 1961:
Ристовски, Томовски, Петров, О. Њокас, Валчак 1, Моралес 4. Георгиевски 7, Карапалевски, Савревски 2, Тото 2, Гаџа 1, Талески 2, Дибиров 3, Додиќ, Мишевски, Д. Ѓукиќ
Седмерци: 2/3
Исклучувања: 16 минути
Следниот викенд следи градско дерби на битолските суперлигаши и нова можност за полна сала и ракометен празник.