Еурофарм Пелистер – Охрид 29-23 (16-13)
Првата половина од двојната саботна програма во Битола донесе очекувана победа на лидерот Еурофарм Пелистер против Охрид со 29-23. Враќањето на капитенот Јосип Периќ мина во најдобар ред, а екипата на Жељко Бабиќ водеше од првата до последната минута. Пелистерци одиграа одличен прв дел, водеа и со +6, но Мартин Ивановски го врати Охрид до 16-13 на крајот од првиот дел.
Следеше замор кај домашната екипа во продолжението и Охрид израмни на 19-19 во 42. минута. Сепак, Се разбрани Секељи, домашните бекови брзо направија серија 6-1 и Еурофарм Пелистер во финишот влезе со предност од 25-20. Без драма дуелот заврши со домашна победа од 29-23.
Ракомет – Суперлига
Плеј-оф 4. коло
Еурофарм Пелистер – Охрид 29-23 (16-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 5, Танкоски, Периќ 4, Костески 4, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 4, Обрадовиќ 1, Табоада 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: /
Охрид:
Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 5, Костов, Шипинкоски, Николов 6, Шилегов 1, Ковачески, Младеновиќ, Тасески 2, Грубор, Манасков 2, Ивановски 5, Ристески, Димитриески
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 4 минути
Во следното четврто коло од ппеј-офот Еурофарм Пелистер се среќава со градскиот ривал Еурофарм Пелистер 2.