Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за претстојниот двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и во Шведска од 11 до 29 јануари догодина. Меѓу ибраните се ракометарите на Еурофарм Пелистер: Кизиќ, Никола Маркоски, Костески, Ојлески и на Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Кузманоски, Ѓорговски, Павле и Петар Атанасијевиќ.
Натпревароот со Чешка во Злин е на 13 април од 20:15 часот, додека реваншот е на 17 април во Скопје од 19:00 часот.
Конечниот список ќе биде затворен откако ќе се реализира подготвителната програма.